TIVERIJA vs Mladost (M)
3 - 1
22 October 2009 · Treta Liga Istok 2009/2010<br>3
Home league match played on 22 October 2009.
Kicked off at 2:00 PM
3-1
vs Mladost (M)
Home league match
<p>Лесна победа на ФК Тиверија против аутсајдерот Младост Муртино. Фудбалерите на Тиверија играа колку што е потребно за да стигнат до победата. Поседот на топката постојано беше кај фудбалерите на Тиверија.
<p>На денешниот натпревар тренерот Митев ги одмараше капитенот Митко Јованов, Дарко Стојанов, Ристо Андонов и Маријан Иванов. Кире Нистров не беше во составот поради црвениот картон од Карбинци, додека пак Ристе Ристов се пожали на повреда на коленото па и тој не беше во комбинација. Веќе подолго во составот на Тиверија го нема Мартин Алаѓозовски.
<p>На денешниот натпревар шанса добија младите Костадин Циев, Горан Андонов, Бобан Петров, Трајче Серафимовски и голманот Драган Мишовски кои ја оправдаа довербата на тренерот Митев.
<p>Веќе стандарден првотимец и еден од подобрите поединци на секој натпревар е и младиот Јордан Серафимовски кој во преодниот рок дојде од соседот Беласица каде што не доби никаква шанса да се докаже.
<p>Кај гостите од Муртино забележителен настап имаше напаѓачот Костуранов.
<p>