TIVERIJA vs Plackovica
6 - 1
18 November 2009 · Treta Liga Istok 2009/2010<br>3
Home league match played on 18 November 2009.
Kicked off at 1:00 PM
6-1
vs Plackovica
Home league match
<p>Одлична игра на Тиверија
<p>Тиверија ја декласира екипата на Плачковица од Радовиш која е претендент за освојување на првото место во оваа сезона.
<p>Играчите на Тиверија одлично го започнаа натпреварот и уште во четвртата минута поведоа со одличниот удар од 18 метри на Даме Алаѓозовски. Во десетата минута гостите од Радовиш се вратија во игра по една грешка на потесната одбрана на Тиверија. Но тоа беше се што направија. Тиверија до крајот на првото полувремето го зголеми водството на 4:1 со головите на Д. Алаѓозовски. М. Алаѓозовски и З. Тасев.
<p>До крајот на натпреварот играчите на Тиверија одиграа рутинирано и го декласираа својот противник со убедливи 6:1. Во второто полувреме головите за Тиверија ги постигнаа Панче Јорданов со удар од 20 метри и Даме Алаѓозовски.
<p>За одбележување на овој натпревар се трите гола на Даме Алаѓозовски.
<p>Веќе во недела Тиверија ја пречекува подмладената екипа на Брегалница од Делчево.
<p>